175
Северна Кореја досега нема потврдено ниту еден случај со Ковид-19, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Според податоците на СЗО, Северна Кореја тестирала 693 лица на коронавирус од 30 јули до 5 август, и сите тестови биле негативни.
Властите на Северна Кореја тестираа вкупно 36.000 луѓе од појавата на пандемијата, но ниту еден случај не е потврден.
Во почетокот на 2020 година, Пјонгјанг воведе строги мерки против коронавирусот и ги затвори границите, со цел да спречи „увезени случаи“.