159
Повеќе од девет милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирусот минатата недела, а повеќе од 26.000 починале, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Според СЗО, стапката на смртност од коронавирусот е намалена за 43 отсто во изминатата недела.
„По зголемувањето забележано во првата половина на март, бројот на нови случаи на ковид-19 опаѓа втора недела по ред, со 16 отсто помалку случаи во неделата од 28 март до 3 април во споредба со неделата претходно“, соопшти СЗО во неделниот епидемиолошки преглед.