СЗО укажува на важноста на секвенционирањето на геномот за откривање на нови видови на коронавирус

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави денес во Женева дека е важно да се зголеми опсегот на секвенционирање на геномот низ целиот свет, со цел да се откријат нови соеви на коронавирусот.

Новите соеви на коронавирус, регистрирани во Велика Британија и Јужна Африка, предизвикаа дополнителна загриженост бидејќи се пренесуваат многу побрзо меѓу луѓето отколку што се знаеше порано.

Бројни земји воведоа ограничувања на воздушниот сообраќај и влез во земјата за да се заштитат од нови видови на вирус.

Гебрејесус пред новинарите изјави дека „следната година ќе има неуспеси и нови предизвици, како што се нови варијанти на коронавирусот и помагање на луѓето уморни од пандемијата да продолжат да се борат против неа“.

Тој изјави дека СЗО тесно соработува со научници ширум светот со цел „подобро да ја разбере секоја промена на вирусот“ и неговото влијание.

„Само ако земјите ефикасно тестираат, ќе можете да регистрирате варијанти и да ги прилагодите стратегиите во борбата“, додаде Гебрејесус.

Слични содржини