СЗО: Вакцината против омикрон може да се дава како бустер доза

од Nikola Popovski

Модифицираната анти-ковид вакцина насочена кон сојот омикрон би можела да се даде како бустер доза за зајакнување на имунитетот кај луѓето, соопшти денеска техничка советодавна група при Светската здравствена организација (СЗО).

Вака адаптираната вакцина може да им користи на оние кои претходно примиле одреден број дози, соопшти панелот за вакцинација при СЗО, објави Ројтерс.

Вакцините ќе можат да се користат ширум светот кога ќе добијат одобрение од СЗО за итна употреба или одобрение од здравственото регулаторно тело во земјите ширум светот.

Производителите на вакцини, вклучувајќи ги Модерна и Фајзер, развиваат бустер од нова генерација против омикрон, како и против оригиналниот сој на коронавирус.

Модерна минатата недела соопшти дека нивната нова доза на вакцина дава подобар имунолошки одговор на омикрон од првичната доза, додека Европската агенција за лекови оваа недела почна да го разгледува материјалот на адаптираната вакцина на Модерна и Фајзер.

Слични содржини