Бројот на нови потврдени случаи на инфекции со коронавирус во 52 европски земји опфатени со Светската здравствена организација (СЗО) се намалува во последните четири недели, изјави денеска регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге.
И бројот на смртни случаи се намалува во последните две недели, а исто така опаѓа и бројот на приеми во болниците, изјави Клуге за новинарите од седиштето на СЗО во Европа во Копенхаген, Данска.
Клуге го истакнал тоа со најавата дека Светската здравствена организација (СЗО) и Европската унија започнуваат програма вредна 40 милиони евра за помош на кампањата за вакцинација против ковид-19 во шест поранешни советски републики: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Украина и Молдавија.
Програмата ја надополнува работата на програмата Ковакс на ЕУ и СЗО, чија цел е дистрибуција на вакцини во сите земји, без разлика дали се богати или сиромашни, рече Клуге.
„Вакцините се начин да се излезе од пандемијата побрзо, но само доколку обезбедиме сите земји, без оглед на нивото на приход, да имаат пристап до тие вакцини“, наведе тој, истакнувајќи дека „нефер пристапот до вакцините може да се одмазди: Колку подолго вирусот трае, тоа е поголем ризикот од опасни мутации“.