Бројот на заразени лица од почетокот на избувнувањето на пандемијата на коронавирусот во светот надмина 108,15 милиони, објави синоќа Светската здравствена организација (СЗО).
Од последиците на ковид починале 2.381.295 пациенти, според извештајот на СЗО пренесен од ТАС С.
Бројот на потврдени случаи во последните 24 часа се зголеми за 300.530, додека починаа 7.776 лица.
Во Европа е забележан најголем број на случаи (122.528), следени од Северна и Јужна Америка (115.652) и областа на Источен Медитеран (22.938).