СЗО за новата варијанта: „Омикрон“ е многу пренослив, но не треба да се паничи

од Vladimir Zorba

Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумја Сваминатан денеска изјави дека новата варијанта на коронавирусот „омикрон“ е многу пренослива, но дека луѓето не треба да паничат поради тоа.

За време на интервјуто за конференцијата „Ројтерс Некст“, Сваминатан рече дека вистинскиот одговор е да се биде подготвен и внимателен и да не се паничи за новата варијанта.

– Колку треба да бидеме загрижени? Мора да бидеме спремни и внимателни, а не да паничиме, бидејќи сме во поинаква ситуација од пред една година – рече Сваминатан.

Појавата на новата варијанта не е добредојдена, посочи таа, но додаде и дека светот е многу подобро подготвен со оглед на развојот на вакцините од почетокот на пандемијата.

Делови од Европа веќе се бореа со бранот инфекции од делта видот.

– Мора да почекаме, да се надеваме дека ќе биде поблаго… но рано е да се заклучи за варијантата во целина – истакна Сваминатан.

Слични содржини