Тачи-Абе: Јапонија наскоро отвора амбасада во Приштина

од Vladimir Zorba
397 прегледи

Претседателот на Косово Хашим Тачи, по денешниот прием кај јапонскиот премиер Шинѕо Абе, на почетокот од неговата официјална посета на Токио, каде што ќе присуствува на крунисувањето на царот Нарухито, најави отворање на јапонска амбасада во Косово на почетокот од идната година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од кабинетот на Тачи се наведува дека на средбата со премиерот Абе обострано е оценето дека двете земји имаат добри билатерални односи и дека е постигнат видлив равој во економската соработка.

Според соопштението, Тачи и Абе се согласни дека „отворањето на Амбасадата на Јапонија во Приштина на почетокот на идната година, успешниот самит на бизниси од Косово, Јапонија и Австрија во Виена на почетокот од месецев и Неделата на јапонска култура што ќе се одржи во Косово идниот месец, претставуваат потврда за напредокот во односите меѓу девете земји“.

Тачи, се вели во соопштението, му изрази поддршка на премиерот Абе за неговата надворешна политика и во напорите за затворање на прашањето на киднапираните јапонски граѓани од страна на Северна Кореа.

Косовскиот претседател ја посети Јапонија и минатиот месец, по повод 10-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, при што беше примен од царот Нарухито и оствари средби со премиерот Абе, како и со пратеници во Парламетнот и претставници на јапонските бизниси. Во таа прилика Тачи се сретна и со гувернерката на Токио Јурико Коике, на која и предложи збратимување на главните градови на двете земји.

Слични содржини