Тачи бара државјанство на Албанија за жителите на Косово

од desk2
75 прегледи

Косовскиот претседател Хашим Тачи побара од албанскиот претседател Илир Мета, Албанија да им овозможи на жителите на Косово да добијат државјанства на Албанија.


„Побарав од Мета , врз основа на Уставот, граѓаните да добијат државјанство (на Албанија), затоа што Европа се покажа неправедна кон Косовците. Албанија е единствена надеж“, рече Тачи, на заедничката конференција за новинари со албанскиот претседател, кој е во посета на Приштина, пренесе RTS.

Тачи во овој контекст уште еднаш упати критики кон Европската унија заради условувањето на визната либерализација за жителите на Косово.

Косовскиот претседател го одликува албанскиот претседател со „Орден на независност“, поради како што наведе, „заслугите и учеството во процесот на остварување на аспирациите и стекнувањето независност на Косово“.

Мета рече дека одликувањето е посебно признание за него и за Албанците во Албанија.
Во заедничката изјава Тачи и Мета наведоа дека се залагаат за продолжување на завршната фаза од дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, повикувајќи на обнова на ангажманот на ЕУ и со директно учество на САД, со цел конечно признавање на Косово како суверена и независна држава од страна на Србија, како процес кој ќе има позитивен ефект за цел регион.

Се залагаат и за симетрично забрзување на процесот на интеграција на сите земји во регионот кои сакаат да се членки на Еу и НАТО, затоа што интеграциите во ЕУ и НАТО и понатаму се во главно политички процеси, со исклучително влијание на завршување на мировните спогодби во регионот.

Целта им е составување стратешки документ за потполно членство на Косово со ЕУ и НАТО.
Истакнаа дека што побрза либерализација на визите меѓу ЕУ и Косово, со ангажирање на Косово, ќе се направат напори за означувањето на границата со Црна Гора.