Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека САД побарале прашањето околу обележувањето на границата меѓу Косово и Црна Гора да се реши што побрзо.
Тој додаде дека на Косово му е потребно слободно движење и оти овој процес не треба да биде пречка за тоа.
– Администрацијата на САД бара Косово да го заокружи прашањето за демаркацијата со Црна Гора, договор кој е потпишан од институциите на Косово и на Црна Гора и веќе е ратифкуван од црногорскиот Парламент. За САД`ова прашање е завршена работа и од нас бараат, од Парламентот на Косово, што побрзо да го ратифкуваме документот, со цел слободно да се движиме кон европскиот прогрес, посебно кон визната либерализација, изјави Тачи за косовската државна телевизја.
Договорот за демаркација на косовско-црногорската гранца е потпишан во август 2015 година во Брисел, а еден од потписниците е токму Хашим Тачи.
Новиот косовски премиер Рамуш Харадинај само што стапи на функција ја распушти Комисијата за демаркација на границата со Црна Гора. Тој и неговата партија Алијанса за иднината на Косово (ААК) го обвини поранешниот шеф на Комисијата дека дејствувал против интересите на Приштина, како и оти Косово губи дел од територијата.
Од друга страна шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармановиќ недоамна изјави дека за неговата земја демаркацијата е завршено прашањето.
Членот на новоформираната косовска комисија за оваа цел, Флорим Исуфи, за прштинскиот весник „Експрес“ изјави дека таа се уште прибира нови матерјали за граничните точки со Црна Гора. За разлика од пред десеттна дена кога изјави дека „работата“ ќе ја завршат за еден месец, сега вели дека не знае кога ќе заврши тој процес.
Ратификацијата на договорот за границата со Црна Гора е услов кој Косово треба да го исполни за добивање визна либерализација.