Претседателот на Косово, Хашим Тачи go обвини раководството на ЕУ za недоволна визија, ефикасност и храброст во однос на Западен Балкан. Според него, комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан се интересира само za Србија.

“Европската комисија / ЕК / треба да промени својот однос”, истакна Тачи во интервју за АПА. “Не може да има оправдување за доцнењето … Додека Федерика Могерини се обидува да го задржи динамиката во политиката во однос на Западен Балкан, за жал Хан не присуствува во југоисточна Европа”, рече уште Тачи и се пожали од изјавата на Јоханес Хан од крајот на месец април во Белград, кој го обвини Тачи и албанскиот премиер Еди Рама во разгорувачки изјави.
Коментарот на еврокомесарот беше по повод изјавите на Тачи и Рама за обединување на Косово и Албанија, ако дојде до забавување на интеграцијата на двете земји. По повод на “Голема Албанија” Хашим Тачи го рече следново: “Косово е Косово, а Албанија е Албанија и никој не сака промена на границите”. “Комесарот Хан се интересира само и единствено за Србија и за ниту една друга држава од Западен Балкан и тоа се гледа по таа достојно за жал изјава”, рече уште косовскиот претседател. Тој повика на промена во ангажманот на ЕУ во регионот поради можноста од влијанието на Русија. ЕУ не треба да се однесува кон Балканот само по еден технократски начин и да следи само за исполнувањето на критериумите кои треба да се исполнат … ЕУ мора да дејствува повеќе стратешки и активно. Ова ќе го блокира просторот за активностите на Русија и дестабилизација на регионот, смета тој. “Ако ЕУ продолжува да доцни Русија нема да остане само еден едноставен набљудувач на настаните на Балканот. А, напротив ќеја користи секоја можност за зголемување на својата улога”, истакна косовскиот претседател и додаде: Додека политичките лидери во Србија говорат во полза на ЕУ нивното срце продолжува да чука за сојуз со Русија.