Тачи кон Ердоган: Заемното признавање со Израел нема да го наруши пријателството

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, викендов разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

По размената на признавање на Косово и Израел и отворање амбасада на Приштина во Ерусалим, следеа поплаки од Турција и Арапската лига.

„Арапската лига и претседателот Ердоган се загрижени за меѓусебното признавање на Косово и Израел. Јас сум во контакт со претседателот Ердоган, разговаравме по телефон. Ова признавање во никој случај нема да влијае на стратешкото, пријателско и братско партнерство меѓу Косово и Турција“, рече Тачи.

Турција остро реагираше на ветувањето на Приштина за отворање амбасада во Ерусалим, на што се спротивставуваат земји со мнозинство муслиманско мнозинство, пренесува Косово Онлајн.

Слични содржини