Тачи: Ниедна албанска партија нема да коалицира со тие што се против овој договор

од Берта Китинска

Политичарот Мендух Тачи, смета дека ниедна албанска партија нема да коалицира со тие што се против овој договор.

„Меѓународниот фактор прави големи напори за да ја придвижи Македонија напред, напред кон ЕУ. И ова не е заслуга на Владата, ова е заслуга на нашиот стратешки партнер САД. Тие даваат огромна поддршка на нашата земја“, вели Тачи во „Click Plus“ на ТВ21.

На прашањето која е алтернативата, или да се споиме со Русија, Тачи вели никако.

Според него, на состанок во Владата немало никој против новиот предлог, освен лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов.

„Видете, на состанокот во Влада со лидерите на владината коалиција немаше никој против новиот предлог, единствено Павле Трајанов бараше консензус од сите партии“, вели Тачи.

По прашање за тоа што ако падне Владата и кој ќе ја води новата, Тачи порача дека „ниедна албанска партија нема да коалицира со партиите кои се против овој предлог“.

Слични содржини