Тачи потврди дека излегува од Европскиот фронт, но порача дека ДУИ е посилна од ВЛЕН

од Nikola Popovski
105 прегледи

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вечерва изјави дека тој и неговата партија повеќе не се дел од коалицијата Европски фронт.

„100 дена се прекратки за правилно да се анализира работата на една влада. Причината зошто останав во Европскиот фронт е за да не ги пропуштам 100-те дена влада. Но, ете сега со ДПА повеќе нема да бидеме дел од Европскиот фронт“, изјавил Тачи во емисијата „Клан дебата“.

Сепак смета дека ДУИ е политичка сила во земјата.

„Никој не може да ме убеди дека ВЛЕН е појак од ДУИ, никој. ДУИ може дури и да наметне некакво дејство за уставните амандмани затоа што мислам дека имаат капацитет и можат да изберат форма“, рекол Тачи, додавајќи дека „не е дел од владата“ и дека од месец „август немал средби со членови на ВМРО-ДПМНЕ“.

Пратеникот зборувал и за европските интеграции, нагласувајќи дека актуелната Влада добила силен удар кога ЕУ ја одвоила Македонија од Албанија на патот кон во ЕУ.

„Оваа влада имаше негативен однос кон евроинтегративниот процес, па постапките на претходната влада, потпишувањето мировни договори и про-ЕУ ги поттикнаа Македонците да гласаат за поранешниот националистички менталитет. Се покажаа дека се против Договорот од Преспа, против другите мировни договори, но сега видовме дека најсилниот удар за оваа Влада е одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ“, истакнал Тачи.

Слични содржини