Тачи: Пратениците на БЕСА се всушност пратеници на СДСМ

од Nikola Popovski
982 прегледи

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи смета дека пратениците на БЕСА се всушност пратеници на СДСМ, „формално и неформално“.

Тој во изјава за медиумите пред Собранието рече дека во моментов не се потребни брзи и предвремени парламентарни избори, затоа што тоа води кон политичка криза и смета дека опозицијата не би сакала да преземе таква одговорност.

-Претстојат сериозни ситуации и верувам дека ќе продолжи актуелното парламентарно мнозинство, потенцира Тачи.

На прашањето како го коментира преминувањето на градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, од редовите на ДПА во Алијанса за Албанците, Тачи вели:

-Најважно е што ДПА победи во Студеничани. Се друго не е важно, вели претседателот на ДПА.

Слични содржини