Тачи: Сакаа на ДПА да ѝ ја исечат главата

од Nikola Popovski

Планот на противниците беше да згасне ДПА да и се исече главата, па Албанците во Македонија да бидат различни групи. 20 години ДУИ и Али Ахмети се на власт, нема да ви дадам друг аргумент, нашиот народ е оштетен од економски аспект, знаете дека Албанците во Македонија беа економски посилни и од Албанците во Косово и од Албанците во Албанија, вели лидерот на ДПА, Мендух Тачи од централниот митинг на партијата во Тетово.

Тој истакна дека имаат проблем да им објаснат на луѓето дека тие се поинакви.

-Јас мислам дека не чекаат подобри денови, убеден сум дека професор Сади Беџети ќе победи. На кандидатите да им ја дадеме силата на ДПА, сите Албанци што последнава година сум ги сретнал, и што гласале за ДУИ, и што не гласале за нас, сите со еден поглед ме прашале, и сум одговорил со поглед дека волјата доаѓа од вас народот, кажа Тачи.

Слични содржини