
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави денеска дека средбата на делегациите на Србија и Косово на 27 јуни во Белата куќа е историска пресвртница и единствена можност за продолжување на дијалогот.
„Институциите на државата Косово ја прифатија оваа средба со голема одговорност и сериозност. Одиме во Вашингтон со стабилни принципи. Најавената средба во Белата куќа ја сметаме за историска пресвртница и единствена шанса за продолжување на многу тежок, но неопходен процес за мир“, рече Тачи на прес-конференција.
Тачи рече дека Косово е „благословено“ од Соединетите држави.
„Косово ќе работи на постигнување мирен и историски договор што ќе го затвори едновековното поглавје на конфликтот меѓу Косово и Србија еднаш засекогаш. Добрите вести отсекогаш доаѓале од Вашингтон, секогаш ќе биде така. Косово оди со државното знаме, што е територијален интегритет на Република Косово, рече тој.
На прашањето кој ќе ја предводи делегацијата на состаноците во Вашингтон, Тачи рече дека Косово ќе дејствува „со еден глас“.
„Ќе ја почитуваме волјата на граѓаните, ќе имаме меѓуинституционална координација. Косово има легитимни и легални претставници на државните институции. Одговорностите се многу јасни во согласност со Уставот на Косово, ќе работиме на тесна координација, на крајот ќе одиме како Косово против Србија“, рече Тачи.
Тој додаде: „За да ги отстранам вашите дилеми, но и на јавноста, ќе се чувствувам добро и со премиерот Авдулах Хоти, нема дилеми во тој поглед“, рече Претседателот на Косово.