Тачи: Војската да го обезбедува здравството, лекарите се нашите офицери во војната со коронавирусот

од Берта Китинска
151 прегледи

Претсетадателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи одржи прес-конфренција на која истака дека како лидер на партија и лекар сака да испрати апел до граѓаните и институциите за голема внимателност и изолираност. Тој порача Владата да постави војска за да ги обезбедува институциите што се занимаваат со здравството.

-Треба заштита кон лекарите. Тие се нашите офицери во војна. Ако имаме ранет офицер, значи ако имаме ранет лекар кој не го штититеме, ние сме во ситуација наместо да ја добиеме војната за три месеци да одима на година дена. Владата итно да се носи одлука да се зголеми валидноста на рецепти на хронични болни и да не биде само три дена или 15 или 30, затоа што ако секој трет ден пациентот оди кај матичен лекар можноста за зараза е многу поголема, рече Тачи.

Како лекар порача сите граѓани што строго да ги почитуваат препораките за самоизолација.

-Вие што нема да ги почитувате овие станадри утре ќе биде виновни за убиства на многу ваши блиски луѓе, дали ќе бидат родители, постари браќа и сестри. Најголемата опасност предизвикуваат луѓето кои се јаки и имаат јак имунитет и тие се во ситуација да ја инфицираат третата генерација. Тие нема да имаат никакви симптоми и се плашам дека нивниото однесување нема да биде прописно ако излегуваат, истакна Мендух Тачи.

Од апелите до Владата истакна да се отворат фондови за итност за функционирање на институциите.

Слични содржини