Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи во текот на вчерашниот ден остварил средба со граѓани на Гостивар, каде изразил уверување дека опцијата на неговата партија ќе победи на парламентарните избори закажани на 15 јули.
Тачи го коментирал и кандидатот за премиер од Демократската унија за интеграција Насер Зибери, кого го нарече терорист.
– Што го поврзува Али Ахмети со Насер Зибери? Југославија и национализмот на Насер Зибери. Насер Зибери е терорист од 1997 година од Гостивар и Тетово. Тој беше вицепремиер, каде државата тогаш убиваше со оружје и насилство, тепаше, малтретираше, затвори многу луѓе и ова е најсилниот аргумент што за среќа Бог ни дава дека овие двајца луѓе се поврзани со истата цел, доаѓаат од истиот извор и ние овие двајца ќе ги разделиме, рече тој.
Тачи истакна дека тој и неговата партија не се откажуваат од нивниот план за дводомен парламент.
– Дводомниот парламент е прва понуда. Дводомен парламент, кој ќе биде правно-уставен гарант дека Албанците повеќе нема да бидат надгласани и мајоризирани.
За позијата премиер за која претендира, Тачи тврди дека е „прва перформанса што може да се функционализира и рече дека нема дека оваа претстава не смее да биде индивидуална, освен Мендух Тачи, или ДПА, ова мора да се направи на национално ниво“.