
Биографот на принцезата Дијана извади на виделина нејзин таен запис снимање, на кој таа го опишува очај од бракот со принцот Чарлс и желбата да се самоубие за да избега од “студениотта и исполнет со интриги и лаги” кралски дворец.
Во 1991 година принцезата се поврзува со новинарот Анрду Мортон преку заеднички пријател и му дава предлог – да направи интервју со неа што треба да го вклучи во престојна книга. 16 години подоцна Мортон ја претстави транскрипцијата од тајното снимање, испратено од страна на Дијана.
Од тоа станува јасно колку таа била несреќна за време на бракот. Принцезата дури вели дека почнала да страда од булимија, откако Чарлс ја прифатил со рака и рекол: “О, малку сме пухкавки тука, не мислиш?”.
Записите објавени во “Дејли мејл”, откриваат и уште нешто – дека кога Чарлс и предложил брак на Дијана, таа знаела многу добро за неговата афера. Тоа се случило откако таа случајно слушнала како сопругот разговара по телефон со Камила во бањата и тој и вели: “Што и да се случува, секогаш ќе те сакам”.
Подоцна таа ја открила и златната нараквица која Чарлс ја порачал да се направи за Камила со втиснати една до друга буквите “Ф” и “Г” (иницијалите на псевдоними кои двајцата ги користеле за да се кријат – Фред и Гледис ). Тој и ја подарил точно два дена пред свадбата со Дијана.
Постојаните забелешки за тежината, заедно со срамот дека идната принцеза е во сенка со неговата врска со Камила Баркер Боус се покажа решавачко за нејзината лоша здравствена состојба. “Бев очајна, толку очајна. Се сеќавам првиот пат во кој самата се принудив да повраќам. Бев толку возбудена, бидејќи си мислев дека тоа ќе ги намали тензиите.
За време на мојата прв проба за фустанот половината ми беше 29 инчи (околу 73,6 см). На денот на свадбата таа веќе беше 23 инчи (58см). Се стопив од февруари до јули. Бев исчезната “, изјави принцезата. Таа тврди и дека отишла да и каже на кралицата Елизабета, дека не може да го издржи овој љубовен триаголник. Освен молчење, рамнодушност и студенило, таа друго не добила.