239
Разрешен e директорот на затворот Идризово, Реџеп Реџепи. Toj беше на функција како кадар на партијата Алтернатива.
-Владата на 55 седница донесе одлука Реџеп Реџепи да го разреши од должноста в.д. директор на Казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес, а на негово место за в.д. директор на Казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес да го именува Шпенд Tахири, информираа од Влада за „Локално“.
Од Владата не информираат зошто е разрешен и дали евентуално тоа има врска со неодамнешните полициски претреси во затворот каде беа пронајдени дрога, ножеви и мобилни телефони.