Тахири: СДСМ сака да оди на избори благодарејќи на зголемениот рејтинг поради Филипче

од Nikola Popovski
166 прегледи

Универзитетскиот професор Сефер Тахири во дебата на „360 Степени“ за Ал Сат ТВ зборуваше за корона-кризата и можниот датум за одржувањето на парламентарните избори.

„СДСМ инсистира што поскоро да оди на избори зашто нејзиниот рејтинг е зголемен благодарение на министерот за здравство, но без да ги заборавиме и другите актери кои се активни во справувањето со ситуацијата, министерот е само една личност и целиот систем кој се раководи од Влада, колку и да е таа техничка, ние знаеме дека оваа партија заедно со другите партии се носители на власта“, смета професорот.

Тој изјавил и дека предноста што ја имала ВМРО-ДПМНЕ, односно високиот рејтинг што го имаше пред пандемијата во однос на СДСМ или резултатите од анкетите кои покажуваа предност на едната и на другата, сега веќе ја нема како последица на пандемијата.

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ инсистира по секоја цена да не се одржат изборите во јуни, а можеби и за почетокот на јули. Јас мислам дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш во историјата нема да ја направи големата политичка грешка, дури можам да кажам и историска за оваа партија, кога ги бојкотираше изборите во 1994 година оправдувајќи се дека тогашната коалиција Сојуз за Македонија, предводена од СДСМ ги манипулира изборите“, заклучува Тахири.

Слични содржини