186
Машината за голови Кристијано Роналдо владее во спортските медиуми по синоќешниот рецитал во Торино. Во каталонскиот Mundo Deportivo се обидоа да ја откријат тајната на неговата спортска долговечност и исклучителните атлетски параметри. Португалецот работи внимателно во две насоки – правилна исхрана и точни физички вежби.
Надвор од менито секогаш биле алкохолот, шеќерот и чоколадата. Лебот е интегрален дел од исхраната, како и пастата. Од масата никогаш не отсуствувале овошје, зеленчук, риба и кафеав ориз.
Салатата со свежи домати, тортилата и пилешкото месо секогаш се на трпезата. Роналдо, исто така, прифаќа додатоци во исхраната за да го надополни сето она, од што неговото тело има потреба.