Успехот и богатството дефинитивно се меѓу целите на многумина, но патиштата кон нивно остварување секогаш се многу јасни. Постојат некои вистини, споделени од најуспешните луѓе кои можат да бидат од корист за остварување на соништата…
Не треба да бидеме најпаметниот човек во собата
Се тврди дека ако сме најпаметниот човек во собата, најверојатно сме во погрешната соба. Успехот, како и многу други работи во животот, е заразен. Животот е побогат, кога сме опкружени со луѓе кои се успешни, пристапни и интелектуално стимулирачки. Ако сме “најглупавиот” човек во собата, тоа значи дека имаме неверојатна можност да учиме од околината.
Парите не се сè, но дефинитивно ги прават работите интересни
Додека интелектуалните стимулации и можноста да учиме се исклучително вредни, не треба да се потценува и влијанието на парите. Вистина е дека понекогаш се покажува непријатно да се зборува за пари, но тие прават сè поинтересно, особено за оние кои сакаат да станат успешни.
Капиталот е главен мотор на светот, а богатите луѓе по дефиниција го поседуваат. Без приватен капитал релативно малку се потфатите кои би можеле да успеат.
Градење врски, изградени на взаемна доверба, почит и восхит со успешни луѓе е средство кое го отвора целиот свет на можности.
Да запомниме дека можностите не се случајни
Успешните луѓе имаат тенденција да привлекуваат други успешни луѓе, а тоа води до размена на идеи, резултатите од кои често се поврзани со создавање на понатамошен успех и богатство.
Можностите во животот и бизнисот не се случајни. Тие изгледа се појавуваат меѓу луѓето со страст и ресурси.