Австриската јавност овие денови е многу вознемирена од вестите за тајните корона-забави во ски-центарот Сент Антон и други слични зимски центри во Западен Тирол, бидејќи тој регион минатата година беше еден од епицентрите на ширење на коронавирусот низ цела Европа.
Тајните забави на скијачките центри во Тирол, каде деновиве престојувале голем број странци од Велика Британија и Скандинавија, предизвикаа вознемиреност и загриженост. И покрај ограничувањата и забраните за такви активности, на социјалните мрежи се шират фотографии од корона-забави, иако тие се забранети оваа сезона, а се случија и првите потврдени инфекции, објави во вторникот словенечката агенција СТА, повикувајќи се на австриски извори.
Центар на недозволените забави стана елитното скијачко одморалиште Сент Антон на Арлберг. Неговиот градоначалник Хелмут Мал објасни дека на Интернет се шири совети за тоа како да се избегнат наметнатите забрани и ограничувања и да се стигне до градот без никакви проблеми, а најлесен начин е со воз од Цирих.
Фотографии од забави на кои присуствуваа десетици луѓе исто така редовно се појавуваат на Интернет, пренесуваат австриски извори. Градоначалникот беше особено критички настроен кон „црните овци“ меѓу сопствениците на Сент Антон, кои им дозволија на странците да го регистрираат својот престој таму со измислен изговор за да бараат работа, иако нема работа во туризмот поради слабата сезона.
Во меѓувреме, ново жатиште на коронавирусот поврзано со скијање беше потврдено во долината Зилертал минатиот викенд. Првично, инфекцијата беше потврдена кај 16 вработени во ски-центарот, а во понеделникот вечерта веќе имаше 29. Властите во Тирол се загрижени, бидејќи неколку случаи на јужноафриканската варијанта на корона, која е позаразна од Британската, веќе се потврдени во земјата.
Најмалку седум такви случаи се веќе потврдени во Зилертал. Сè уште не е јасно како мутацијата дошла во Тирол, но постои сомневање дека е поврзана со ски-туризмот. Освен забавите, се сомнева дека и туристи од Германија може да бидат извор на инфекцијата, така што скијачките центри повторно би можеле да бидат извор на инфекција, како што беа минатата година, објави агенцијата СТА.