САД и Иран имале тајни средби во Ирак , информира израелската медиум i24News, цитира “Џерусалим пост”.

Претставници на двете земји разговараа во еден хотел во Ербил , Ирак. Иранците биле предводени од Хасан Хомеини, внук на основачот на Исламската република Иран, ајатолахот Рухолах Хомеини. Иранската делегација, исто така, имала двајца претставници на Револуционерната гарда и специјалниот претставник на Техеран во Ирак.
Иранските извори и за i24News посочиле дека Техеран контактирал и со курдската опозиција во Ирак , но разговорите биле “бескорисни”.