Тајните на 6-те најпопуларни први дами

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Секоја жена има мали тајни и слабости. Но тие можат да бидат проблем, кога цела нација го следи секој твој чекор. Ви препорачуваме да погледнете факти за 6 познати први дами и работите за нив, кои биле скриени од јавноста. Жаклина Кенеди или повеќе позната како

Џеки Кенеди

Во времето кога таа е сопруга на претседателот на САД Џон Кенеди, пушењето е често кај жените. Сепак, била навика која општеството не го одобрува. Затоа страста на Џеки кон цигарите била внимателно скриена. Дури на фотографиите, кои биле тесно поврзани со Белата куќа, а им било забрането да ја сликаат како пуши.

Принцезата Дијана

До ден денешен многу веруваат дека принцезата Дијана, првата сопруга на принцот Чарлс, беше совршена. Многу малку се свесни дека оваа прекрасна жена не е се допаѓало телото и страдала од булимија.

Kралицата Ранија

Ранија е сопругата на јорданскиот крал Абдула II. Таа секогаш изгледа фасцинантно и се држи според положбата. Но Ранија им една слабост, која ретко споделува. Тааобожава да носи златни чевли украсени со скапоцени камења. Тежината на сличен пар на чевли е околу 0,4 кг. Но, тоа воопшто не ја загрижува.

Ненси Реган

Еден од најпознатите долгогодишни советници на 40-тиот претседател на САД, Роналд Реган, била неговата сопруга Ненси. Таа стана уште посветена на неговаата благосостојба по неуспешниот обид за атентат во 1981. Она што малку луѓе знаат е дека таа се “консултирала со вселената” пред да даде совет на претседателот. Првата дама силно верувала во астрологијата и редовно го посетувала личниот астролог.

Карла Бруни

Карла Бруни е сопругата на 23-тиот претседател на Франција, Никола Саркози. Нивната врска се развива многу брзо – на 17 декември 2007 во францускиот печат излегуваат фотографии на претседателот со Карла. Само 2 недели подоцна, на 2 февруари 2008 година, тие веќе се во брак. Потоа, таа признава дека преферира полигамија наместо традиционалниот брак. Според нејзини интервјуа Бруни сака да добива внимание од различни мажи во исто време, а љубовта кон одредена личност не трае повеќе од 3 недели.

Бернадет Ширак

Бернадет Ширак, сопругата на поранешниот француски претседател Жак Ширак, сигурно треба да добие медал за трпение. Таа секогаш се држела многу класа во јавноста. Бернадет направила се што е можно за да прикрие аферата на нејзиниот сопруг. Знаејќи ја неговата страст кон жените, таа долго време се преправа дека ништо не се случува. Сепак, во последниве години нивните семејни тајни излегуваат на виделина.