Тајсон призна дека „напушен“ се борел против Рој: Го сакам мојот џоинт

од Stefanija Kuzmanovska

На почетокот на рундата беше експлозивен, бараше удари, нокаут, а кон крајот на рундата едвај стоеше на нозе. Така изгледаше легендарниот Мајк Тајсон (54) во камбек борбата против Рој Џонс Јуниор. По осум рунди во битка во која доминираше Ајрон Мајк, немаше победници. Судиите прогласија реми, но многумина сметаат дека Тајсон ја заслужил победата.

Тој се врати по 2005 година, на 54-годишна возраст, но беше прекрасно да се гледа повторно. Недостигаа неговите боксерски способности, тој „убиствен инстинкт“ по кој го паметиме, таа жар во неговите очи. Но, очите овојпат блеснаа малку посилно. Не само од неговиот глад за победа, туку и од марихуана.

– Ги сакам моите гулаби и мојата отмена облека, освен тоа, не сакам ништо од животот. И секако моите деца и сопругата. Моите гулаби и облеката. И мојот џоинт – рече Мајк и продолжи:

– Не можам да престанам да пушам, едноставно морам да пушам, жал ми е, пушам. Пушам секој ден, никогаш не престанувам да пушам. Тоа сум јас. Тоа нема никакво негативно влијание врз мене. Едноставно јас сум таков и таков ќе умрам- рече Тајсон, кој призна дека „напушен“ се борел против Рој.

Слични содржини