Таксист го пронашол паричникот на Нојер – не е задоволен од „наградата“

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Германски „Билд“ објави дека таксист го пронашол паричникот на голманот на германската репрезентација Мануел Нојер во кој имало пари и документи. Таксистот кој го возел Нојер тој ден го пронашол паричникот кога го чистел автомобилот на крајот од својата смен
– На личната карта стоело името и адресата на Мануел Нојер, а во паричникот имало картичка Visa Platinum, црна Mastercar картичка и околу 800 евра во кеш, изјави таксистот со иницијали Х.С. во интервју за „Билд“.

Чесниот таксист решил да му го врати паричникот на Нојер, па отишол во неговата куќа во Лехел, каде не го нашол. Потоа отишол во Тегернце каде голманот има имот, но и таму не го нашол. Меѓутоа, дознал дека неговиот менаџер живее во близина, па отишол кај него и му оставил паричник со неговите контакт информации.

За да му го врати паричникот на Нојер, споменатиот таксист, наводно, поминал околу 120 километри и изгубил доста време. И две недели подоцна, на неговата адреса пристигна пакет со потпишан дрес на Мануел Нојер. Недостасуваше белешката за благодарност.

– Наградата е потсмев. Имам четири деца, што да правам со тој дрес, коментира незадоволниот таксист кој очигледно очекувал некаква парична награда за доброто дело.

Слични содржини