Таксист на Швајцарец му наплатил 7800 ден од Центар до Средно Водно!

од Nikola Popovski
25 прегледи

Швајцарски државјанин бил измамен од таксист во Скопје, стои во полицискиот билтен.

На 14.06.2025 година во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х.(43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до Средно Водно, бил измамен од возачот, кој за услугата му наплатил 7.800 денари, а откако пријавителот сфатил дека бил измамен, таксистот се однесувал агресивно кон него и со возилото го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини