Талат Џафери ја откажа денешната собраниска седница- Зврлевски и ВМРО ДПМНЕ спокојни!

од Vladimir Zorba
109 прегледи

 Десетте пратенички групи на ВМРО ДПМНЕ почнаа да дејствуваат.Џафери призна дека не може ништо да стори во врска со тоа и оти ваквиот чекор на партијата на Груевски може навистина да го блокира Парламентот.

Ден по формирањето на десет пратенички групи на ВМРО, Собранието денеска нема да ја продолжи седницата на чиј дневен ред како втора точка е разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски. Иако беше закажана, спикерот Талат Џафери ја откажа седницата, за да ја ја најави во понедлник, во 11 часот.

А, фактот на толкување со секој петти пратеник да формираат парламентарна група е дискутабилен од правен аспект, но сепак за да ги намалам тензиите   го премолчев тој дел на дебатата за правното толкување, изјави вчра за АлсатМ, спикерот Џафери.

Како претседател на Собранието немам механизми да го спречам парламентарното право врз основа на Деловникот за начинот како постапуваат денес. Правилникот вели дека во моментот кога координаторите или замениците координатори бараат процедурални или пауза од еден час, Деловникот предвидува дека без дебата се дава пауза. Ако тие имаат за цел да ја попречуваат работата на Собранието, тогаш го нашле начинот. Но, ако имаат за цел да придонесат за функционалноста на институциите, тогаш ова не е начин за да функционира или придонесат.

Последиците од ваквите постапки политички ги плаќа субјектот кој донел таква одлука. Јас не навлегувам во нивното право на политичко дејствување“, изјави спикерот Џафери.

Зврлевски засега е задоволем. Кога ќе дојде неговата точка на дневен ред никој не може да предвиди. Веројатно колку за старт на борбата  ВМРО-ДПМНЕ ги расцепка пратениците во 10 пратенички групи со што доби во време и можност во недоглед да се одоговлекуваат дискусиите во Собранието.

Според Деловникот, координаторите на пратеничките групи имаат право на дискусија од 15 минути и да побараат процедурална забелешка уште 3 минути.

Координатори на пратеничките групи се: Илија Димовски, Антонио Милошевски, Зоран Илиовски, Владанка Авировиќ, Даниела Рангелова, Панчо Минов, Димитар Стевананџија, Драган Данев, Благица Ласовска и Драган Цуклев.

Од ВМРО-ДПМНЕ се пријавени за збор за точката на дневен ред каде треба да се дискутира околу давање дозвола на Народниот правобранител Иџет Мемети можност сам да вработува, неврзан со законите за јавна и државната администрација.

Ако се земе во обзир дека секој од пријавените пратеници има право и на реплики и процедурални забелешки гласањето за разрешувањето на Зврлевски може да се одолговлекува до бескрај , што со процедурални што со паузи и празни дебати на десетте координатори и плус пратениците.

Формирањето на 10 пратенички групи е класична блокада на собранието, обвинуваат од СДСМ. Координаторот Томислав Тунтев на прес конференција рече дека парламентарното мнозинство ќе ги преземе сите деловнички мерки со цел да се спречи ваквото однесување и најави промена на деловникот.