Талат Џафери ја презеде функцијата, остри критики на првиот работен ден како претседател на Собранието на РМ

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Талат Џафери и официјално го презеде кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија. Примопредавањето се изврши во, како што се вели, нормална демократска процедура. Сепак уште во првиот работен ден доби остри критики затоа што на своето биро освен македонското и знамето на ЕУ, тој го постави и знамето на Република Албанија.

Тој, како што беше соопштено „работниот ден го почнал во својот кабиент“. Џафери заедно со членовите на својот кабинет и со собраниските служби ги презема сите оние формално-административни работи за нормано функционирање и вршење на функцијата претседател на Собранието“ – велат од неговиот кабинет.

Собраниската администрација уште го достави барањето до „Службен весник“ за објавување на одлуката за избор на Џафери за претседател на Собранието.

Џафери вчера се сретна и со евроамбасадорот Самуел Жбогар кого го уверил дека ќе се залага на јакнење на демократските процеси. По Жбогар, Џафери ги примил и министрите и замениците-министри на ДУИ како и претставници на политичките партии кои се дел од новото парламентарно мнозинство.

По објавувањето на одлуката во Службен весник, Џафери писмено ќе го извести Претседателот Ѓорге Иванов за постоење ново парламентарно мнозинство и доделување на мандатот за формирање на Влада. Претседателот има рок од 10 дена тоа да го стори. Потоа, мандатарот во рок од 20 дена треба до Собранието да го достави составот на владата и предлог-владината програма. Собранието има на распалагање три дена со просто мнозинство да ја изгласа програмата и новата Влада.

Слични содржини