Талат Џафери: Следната недела Македонија ќе има нова влада

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Следната недела Македонија ќе има нова влада. Во кабинетот ќе учествуваат претставници на   СДСМ на Зоран Заев и партии од албанското малцинство, као дел од парламентарното мнозинство

Тоа го кажува за АФП претседателот на македонскиот парламент, Талат Џафери. “Очекувам за ден – два да ја добијам програмата на овој кабинет и потоа да свикам седница на парламентот за следната недела”, рече тој. Македонија доживеа речиси две години  континуирана политичка криза, пред трансферот на власта кон долгогодишната опозиција што сега изгледа претстои.

Претседателот Ѓорге Иванов претходно го даде  мандат, откако конечно доби гаранции .Конзервативниот претседател одбиваше да им обезбеди на СДСМ мандат, велејќи дека националното единство ќе биде поткопана од барањата на албанските групи.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев ја мобилизира својата партија и заедно со сојузничките албански партии да формираат мнозоинство на  67 од 120 места во земјата на околу два милиони жители, кои се стремат да се приклучат како кон Европската унија и  НАТО.

Македонија беше потоната во криза во 2015 година, откако Заев тргна во рушење на власта на Груевски преку објава на снимени разговори, т.н „бомби“  кои потврди   широко распространето прислушување, корупција на прво ниво и други злосторства од страна на владата на  поранешниот премиер Никола Груевски.

Груевски, кој ја предводи соперничката конзервативна партија ВМРО-ДПМНЕ, отстапи од минатата година по цела деценија како премиер. Етничките албански партии, чии приврзаници претставуваат околу 1/5 од претежно словенскиот православниот  електорат,  повторно ја  сврти поддршката кон социјалдемократите, што предизвика националистички протести против новата коалиција.

Во новата ВЛАДА на Заев стари кадри од ДУИ!

Џафери тврди дека новата влада ќе мора да побара широка парламентарна поддршка за промени, за да го направи албанскиот службен јазик – клучно барање на малцинските партии.

“Не е доволно само да имаш просто мнозинство”, рече тој, бидејќи уставните реформи бараат поддршка од 2/3 од пратениците. Претседателот на парламентот, додаде дека сака да  се води истрага за насилството од 27 април, кога десничарските приврзаници упаднаа во парламентот и нападнаа неколку законодавци, тука е потребна и  “политичката одговорност”.

Џафери, кој е етнички Албанец, неодамна беше на удар на јавноста и критики на конзервативците за поставување на мало албански знаме на бирото во парламентот. Тој одговори дека знамето е “национален симбол на секој Албанец каде и да се наоѓа”. / АФП