Владата предводена од СДСМ и Министерството за внатрешни работи активно вложуваат во човечкиот потенцијал во полицијата.Покрај реконструкцијата на полициските станици и одделенија, покрај новите униформи и опрема, се инвестира и во платите на полицајците, вели Миле Талески, пратеник на СДСМ.
Тој посочува дека деновиве се исплатени се 5.897 решенија за бонус плата за 2021 година, додавајќи дека 5.897 вработени во МВР добиле по 28.718 денари за 150 прекувремени часови изработени претходната година.
-Бонус плата редовно се исплаќаше и за 2017, 2018, 2019 и 2020 година. За оваа намена од буџетот на МВР се одвија над девет милиони евра.Покрај бонус платата, следува ново зголемување на платите во МВР:Со измените во Закон за минимална плата, вработените во МВР кои не се овластени, ќе добијат две покачувања и тоа.Со платата за месец март, добиваат покачување на плата заради усогласување со Закон за минимална плата и тоа за сите работни места е извршено скалесто покачување.Со платата за месец септември, повторно ќе добијат покачување од 5 %, со што во МВР, ќе нема вработен кој зема износ на минимална плата и сите плати ќе бидат поголеми од законски утврдена минимална плата, вели Талески.