Талески до Мицевски: Кога ќе се поздравевте со Груевски, по пет денови рацете не ги миевте

од Nikola Popovski
220 прегледи

Деновиве сте сведоци како вашиот духовен лидер Никола Груевски, кој избега, со парите украдени од народот се забавува по ноќните клубови во Унгарија. Вие кога ќе се поздравевте со него, по пет денови рацете не ги миевте и сега тука се презентирате дека се дистанцирате од него, му порача пратеникот од СДСМ, Миле Талески во реплика на координаторот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој исто така порача дека „арамиското гнездо – Белиот дворец е изграден со злоупотреба на парите на граѓаните“.

-ВМРО-ДПМНЕ е партија која има 400 обвинети партиски функционери за кои се покренати обвиненија за сторен криминал и злоупотреба на службената положба за периодот кога биле на власт. Е така сте ги трошеле парите на граѓаните, за што постојат и околу 40ина признанија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. За сето тоа има пресуди со вкупно над 150 години затвор, исто така за функционери на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Талески на продолжението од собраниската седница за гласање на реконструкцијата на Владата.

Слични содржини