Талески до Стојановска: Кажете кој е бугаризиран Македонец, зошто ја лажевте јавноста?

од Nikola Popovski
215 прегледи

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски вечерва во емисијата „24 анализа“ ѝ се обрати на неговата колешка во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, обвинувајќи ја дека нејзината партија прави „драматургии во Собранието“ околу наводната бугаризација и асимилизација на населнието.

-Кажете кој е бугаризиран Македонец, кој е асимилиран Македонец? Зошто ја лажевте македонската јавност? На 26-ти октомври на македонски јазик се потпиша Договорот со ФРОНТЕКС. Ги лажеа дека со францускиот предлог ќе има промена на име. Не можете да бидете поголем патриоти од нас затоа што вас ве интересира само како да се вратите на власт и теснопартискиот интерес. Бидете конструктивни бидејќи на почетокот на мандатот учествувавте во работата на Собранието, а после тоа добивте насока од Мицкоски и раководството дека треба да се радикализирате, рече Талевски.

Слични содржини