Талески: Инсталациите на Груевски се поразени од граѓаните на градот Херој

од Nikola Popovski
288 прегледи

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застанаа зад насилството, зад осудените насилници. Луѓето кои вооружени, жедни за крв упаднаа насилно во Собранието на 27 април, кои пред камери се обидоа да убијат пратеници, денеска ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува чесни луѓе и уставобранители“, вели пратеникот од СДСМ, Миле Талески.

Според Талески, пратениците од Прилеп, Ане Лашкоска и Петар Ристески заедно со нивниот шеф Христијан Мицкоски ги испорачуваат нарачаките кои стигнаа од Будмипешта – да бранат како што вели криминал и криминалци.

„Кога треба да се носат законите важни за граѓаните Ристески и Лашкоска блокираат, кочат, го напуштаат Собранието, но први се кога треба да се брани криминал и насилство. Тоа е се што граѓаните на Прилеп гледаат од ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници. Прилеп одамна им кажа „НЕ“ на насилниците, инсталациите на Груевски се поразени од граѓаните на градот Херој.Така ќе биде и на следните локални избори“, потенцира Талески.

Слични содржини