Талески: Со СДСМ, Македонија е меѓу 36 те најбезбедни земји во светот

од Nikola Popovski
174 прегледи

Благодарение на заложбите на СДСМ Република Северна Македонија денес е меѓу најбезбедните држави во светот. На најновата ранг листа на Глобалниот индекс за мир, што секоја година ја изготвува Институтот за економија и мир се наоѓаме на 36-то место, што е 4 места повисоко од лани. Во 2017 година, кога СДСМ ја презеде власта, Македонија се наоѓаше на листата на Глобалниот индекс на мир, на 97-то место, а сега е држава со „високо ниво на безбедност“, изјави пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

Според него, од држава која во 2017 година беше на раб на граѓанска војна и реализација на црни сценарија, денес сме држава членка на НАТО, која ги започна преговорите за членство во Европската унија, промотор на мирот и стабилноста во регионот, држава во која полицијата е во служба на народот.

-Со СДСМ државата е безбедна, поставена на европскиот пат што носи сигурна иднина, рече Талески.

Слични содржини