Талески: ВМРО-ДПМНЕ блокира закон за субвенциите, СДСМ ќе се спротивстави

од Берта Китинска
211 прегледи

Блокирање на Законите кои се од витален интерес за граѓаните, е начинот со кој Мицкоски се обидува да покрие неуспехот од 6 месеченото владеење на неговите градоначалници, вели на прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.

-Веќе трет месец претседателот на собраниската Комисија за земјоделие, Љупчо Димоски одбива да ги стави на разгледување измените на Законот за земјоделство и руруален развој, кои ги доставија пратениците од СДСМ и коалицијата. Имено, со предлог измените на Законот треба да се отстранат административните пречки за исплата на субвенциите за земјоделците.Односно, се отстранува дополнителниот услов кој се провлекува дури од 2015 година, а според кој за да ја искористат државната финансиска поддршка, земјоделците треба да ги имаат платено даноците и придонеси за кои е надлежна Управата за јавни приходи, вели Талески.

Според него блокадата на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот министер за земјоделие Љупчо Димоски, им нанесуваат директна штета на тутунарите.

-Во време кога парите од субвенциите им се најпотребни на тутунарите, кога се вршат планови и подготовки за новата реколта, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ блокираат и кочат.По примерот на унгарскиот бегалец Никола Груевски, Мицкоски ги става личните и партиските интереси пред интересите на земјоделците. Манипулира и си поигрува со маката на производителите на тутун.Социјадемократскиот сојуз на Македонија нема да дозволи никој и никогаш повеќе да ги злоупотребува тутунарите, појаснува Талески.

Слични содржини