Талески: ВМРО-ДПМНЕ е против изградбата на коридорите 8 и 10д

од Nikola Popovski
191 прегледи

Со Договорот со Бехтел и Енка започнавме најголема градежна офанзива во државата каде ќе се изградат 110 милиони евра автопати, порача пратеникот на СДСМ Миле Талевски во синоќешната емисија „24 Анализа“.

„Се започна со одлука од Собранието поддржана од пратеници од власта и опозицијата за стратешко партнерство со конзорциумот. Станува збор за четири делници: Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостивар-Будојчани и Требениште-Струга-Ќафасан. Тоа се големи делници што значат поддршка на граѓаните, стопанството и економијата. Станува збор за инвестиција од 1,3 милијарди евра, а над 50 отсто, односно околу 650 милиони евра од овој капитален проект ќе завршат кај македонските градежни компании“ порача Талевски.

Талевски оцени дека само ВМРО-ДПМНЕ е против изградба на коридорите кои се важни за подобро поврзување на државата со соседите и со клучни пристаништа од регионот.

„Да не се фрла сенка на вакви крупни проекти кога со пари од граѓаните се инвестира во автопатишта. Тие не се трошат на врби и стиропор. ЕУ го прогласи Коридорот 8 како главен проект и ние имаме обврска да го изградиме коридорот“, порача Талевски, додавајќи дека СДСМ и коалицијата нема да дозволат блокади на овој капитален проект.

Слични содржини