Талески за двојното убиство во „Шиша бар“: Oчекувам полицијата во најбрз рок да го расчисти инцидентот

од Nikola Popovski
196 прегледи

И мојот апел како претседател на Комисијата за одбрана и безбедност е да им веруваме на институциите, да дозволиме да си ја завршат работат. имаме првично соопштение дека се преземени сите оперативно-технички активности и мерки во надлежност на МВР. Очекувам дека полицијата во најбрз можен рок ќе ни даде точна информација за се она што се случило и ќе биде расчистен инцидентот, изјави пратеникот на СДСМ, Миле Талески коментирајќи го синоќешното двојно убиство кое беше извршено во кафулето „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија, при што беа ликвидирани две лица поврзани со скопското подземје.

Талески како што нагласи е задоволен од работата на министерот Оливер Спасовски.

-Тоа се покажало и докажало дека имаме подобрувања на откривачката дејност во делот на криминалистичката полиција. Тоа што е факт и податок дека во последните два месеци, споредено со минатата години е дека имаме за 35% повеќе откривање на сторени кривични дела, односно намалување на процентот на сторени кривични дела, рече Талески од Собранието, како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини