195
Денеска пред пратениците на пленарна седница е Законот за служба во Армијата, закон кој е важен за вработените во Армијата и одбраната а кој една година свесно и намерно беше блокиран од опозицијата.
Со овој Закон се сериозно се подобруваат условите за работа, но и за пензионирање на припадниците на Армијата, вели Миле Талески, пратеник на СДСМ.
„За професионалните војници на кои им престанува работниот однос со навршување на 45 години возраст, овој Закон пропишува обезбедување на испратнина односно еднократен надоместок во висина на две просечни плати. но не помалку од 1000 евра во денарска противвредност, за секоја година помината на служба во Армијата“, истакнува тој.