Талевски: ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто упорно ја држеше платата на 8.900 денари и не сакаше да ја покачи

од Nikola Popovski
360 прегледи

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски од собраниската говорница истакна дека и во услови на пандемија Владата не ги запре капиталните инвестиции во патната инфраструктура и обезбеди раст на платите.

-Во време на светска економска и здравствена криза, обезбедивме раст на платите тоа е лекција по економски патриотизам за ВМРО-ДПМНЕ, истакна Талевски, додавајќи дека 80.000 работници од 1 први април, ќе земат мартовска плата од најмалку 18.000 денари, што е во просек 45 евра повеќе евра за секој.

Талевски нагласи дека ова е двојно покачување во однос на 2016 година година и го повика ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто упорно ја држеше плата на 8.900 денари и не сакаше да слушне за покачување.

-Го слушаме Трајко Славески дека ќе имало штрајкови низ целата земја, ако се покачеле платите, замислете граѓаните ќе штрајкуваат против зголемена плата, кој апсурд, но ако мислел на партиски протести тоа не е за изненадување, само партија како ВМРО-ДПМНЕ може да протестира за зголемување на платите, рече Талески.

Слични содржини