Талибанците дозволија да се вакцинираат децата во Авганистан

од Milan1

Раководството на талибанците се согласи да продолжи со вакцинацијата против детска парализа во Авганистан, според планот од врата до врата, соопштија денеска заеднички СЗО и УНИЦЕФ.

Тоа ќе биде прва кампања за вакцинација по повеќе од три години и ќе ги опфати сите деца во Авганистан, вклучувајќи повеќе од 3,3 милиони деца на кои им е забранет пристап во некои делови на земјата.

Во претходните години, тимовите за вакцинација во областите контролирани од талибанците постојано наидуваа на потешкотии и пречки, бидејќи талибанците ги обвинија лекарите дека се шпиони кои собираат податоци за нивните борци.

Талибанските лидери ветија дека ќе им дозволат на жените да работат во кампањата за вакцинација и дадоа гаранции за безбедност на сите здравствени работници низ целата земја.

Во јуни, пет членови на медицински тим што вакцинираше деца против детска парализа беа убиени во источен Авганистан.

Авганистан и Пакистан се меѓу ретките земји каде детската парализа е сè уште присутна.

Слични содржини