420
Вчеравечер, Royal Vauxhall Tavern во Лондон беше премал да ги собере сите фанови на македонската евровизиска ѕвезда Тамара Тодевска. За време на својот едночасовен настап кој започна точно на полноќ, Тамара ги изведе своите најголеми хитови, вклучувајќи ја и евровизиската Proud.
Настапот на Тамара во Лондон е дел од нејзината европска турнеја која започна минатиот ноември во Мадрид. Тамара во моментов работи на својот трети студиски албум а наскоро се очекува и прмоција на видео записот на нејзиниот нов сингл Monsters.