Професорката Татјана Каракамишева, која предава меѓународно јавно право на Правниот факултет, синоќа на својот Фејсбук профил уште еднаш ги реафирмира своите барања, при што бара голема поддршка.
Таа напиша дека бара поништување на одлуката за избор на Таљат за претседател на Собранието на Македонија, како и сите акти кои се потпишани од него.
Професорката, која е и претседателка на комисијата за политички систем на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека секогаш била на страната на уставноста и законитоста и почитување на законот и поради тоа бара поништување на Охридскиот Рамковен Договор и Преспанскиот договор
„Секогаш сум поддржувала уставност и законитост, секогаш сум била за почитување на Уставот и на законите поради што уште еднаш ги реафирмирам барањата околу кои треба да се здружиме сите:
1. Поништување на одлуката за избор на Таљат за претседател на Собранието на Македонија,
2. Поништување на сите акти кои се потпишани од Таљат,
3. Поништување на геноцидниот Договор од Преспа,
4. Поништување на уставните амандмани за промена на името,
5. Почитување на волјата на граѓаните изразена на 30.9.2018г. за бојкот на промената на името“, напиша таа.
Во продолжение вели дека „референдумска одлука немало , бидејќи граѓаните со бојкот одлучиле да ги казнат сите предатори на Македонскиот народ“.
Покрај тоа бара и поништување на на Законот за јазиците и носење нов закон согласно меѓународните стандарди за малцински јазици.
„Јас имам образ да го побарам ова, бидејќи имам докази дека жестоко сум се борела против сите овие канцерогени постапки и акти донесени на штета на Македонија“, додава таа.
Секогаш сум поддржувала уставност и законитост, секогаш сум била за почитување на Уставот и на законите поради што уште…
Публикувахте от Тања Каракамишева в Неделя, 29 декември 2019 г.
На нејзиниот Фејсбук статус реагираше пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој напиша дека со барањето за поништување на Охридскиот Рамковен Договор и Договорот од Преспа:
„…подразбира и поништување на сите одлуки на сегашниот парламентарен состав: одлуката за решавање на статусот на 12 илјади стечајци, одлуката за зголемување на минималната плата од 9 илјади на 14.500 денари, одлуката за зголемување на пензиите, соцјалните трансфери, детските дотатоци и стотина други мерки кој ги донесовме за доброто на граѓаните на нашата земја“.
„По големо лицемерие од ова има ли? Е нема!!!
Затоа заедно со Вас почитувани граѓани нема да дозволиме ваквите ликови и ваквото ВМРО ДПМНЕ, НИКОГАШ да се вратат повторно на власт!!!“, додава тој.
Советничката на Мицковски, Тања Каракамишева бара, поништување на Охридскиот Рамковен Договор, Договорот од Преспа,…
Публикувахте от Muhamed Zekiri в Понеделник, 30 декември 2019 г.