Тапетите може да се опасни по здравјето

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Тапетите можат да придонесат за појава на т.н. синдром на болна зграда, покажуваат резултатите од истражувањето, цитирани од УПИ.

Токсините од израснатите мувли на тапетите, можат лесно да бидат пренесени преку воздух и се поврзани со ризици за здравјето во затворени простории.

“Во рамките на лабораториски тестови докажавме дека при услови кои можат да се сретнат во некои згради е можно микотоксини од остарените материјали да бидат пренесени преку воздух”, изјави експертот за хигиена на исхраната д-р Жан-Дени Баи од Националниот ветеринарен институт во Тулуз, Франција.

Синдромот на болна зграда е термин кој се користи кога жителите ќе почнат да се чувствуваат болни во зависност од времето кое го поминуваат во некоја зграда. Обично не може да се идентификува специфична болест или причина за болест, потсетија од Националните здравствени институти на САД.

За целите на истражувањето, научниците го симулираа ефектот од провев на дел од позадина “заразен” со три вида мувли кои се вообичаени во затворени простории.

“Повеќето од пренесените преку воздух токсини е поверојатно да бидат откриени на мувловите спори. Дел од токсините сепак беа врз минијатурни честички – прашина и сосема мали фрагменти од тапет, кои лесно можат да се вдишуваат “, појасни Баи.

Микотоксините се среќаваат во прехранбени производи. “Присуството на микотоксини во затворени простории треба да бидат земени во предвид како важен параметар за квалитетот на воздухот”, истакна експертот.

Резултатите од истражувањето се објавени во Applied and Environmental Microbiology.