Таравари: Ако мандатар е Насер Зибери, ќе влеземе во влада со ДУИ

од Vladimir Zorba

Алијансата за Албанците би прифатила да биде дел од новата Влада заедно со Демократската унија за интерграција (ДУИ), само доколку мандатар биде Насер Зибери, во сите други случаи се за ДУИ да отиде во опозиција.

Ова за „Телма“ го вели Арбен Таравари, од Алијансата за Албанците кои на изборите настапија заедно со Алтернатива и освоија 12 пратенички мандати.

„Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ“, рече Таравари.

Слични содржини