Таравари: Доколку Алтернатива влезe во влада таа нема да биде одржлива

од Берта Китинска

Доколку дојде Алтернатива да прифати да влезе во новиот состав на Владата, таа нема да трае долго, смета генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

-Пред година и пол излеговме со г-динот Гаши на парламентарни избори и добивме гласови од граѓаните против политиките на ДУИ. Договорот беше потпишан за четири години и секако не мора да се придржуваат до тоа. Како ќе одлучат, така. Ние ќе ја почитуваме нивната одлука. Доколку влезат во влада, таа влада нема да биде одржлива, бидејќи има нестабилност во СДСМ. Таму владеат фракции и има многу неисполнети ветувања кон коалициските партнери. Сметам, дека наредната 2022-ра година ќе биде изборна, рече Таравари.

Слични содржини