Таравари: Имаме џентлменски договор со ДУИ да не учествуваме во влада која нема да ги спроведе уставните измени

од Nikola Popovski
380 прегледи

Според зборовите на претседателскиот кандидат, Арбен Таравари, постои џентлменски договор со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ниту една албанска партија да не влезе во влада која нема гарантира усвојување на уставни измени.

Тој во синоќешниот тв дуел со против-кандидатот Бујар Османи, посочи дека во улогата на претседател, доколку биде избран, ќе инсистира на измени на Уставот, кои се услов за вистински почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ, при посета на Брисел ќе побара уверување дека тоа ќе биде последниот услов за земјата.

„И со ова да се вратиме во Македонија и мандатарот на кој му се дава мандат за формирање на влада да му се бара динамика со рокови за спроведување на уставните измени. Не велам за месец, два или три туку да не биде повеќе од шест месеци со цел ова да заврши и Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ. Кога го отвораме Уставот секако дека треба да ги преговараме уште неколку нешта“, порача Таравари.

„Не знам дали знаете, но првиот предлог за измените на основата на Охридскиот договор беше токму граѓанскиот устав, на барање на Албанците, но за жал не беше усвоен. И мислам дека ова не е лоша опција, не велам дека тоа мора да се случи, но предлагам да се отвори дебата меѓу експерти и не ми е јасно зошто толку години на власт ДУИ не го достави овој предлог“, рече Таравари.

Во неговата програма е и повлекувањето на Македонија од иницијативата „Отворен Балкан“, а едно од прашањата во дебатата беше поврзано и со руското влијание во земјата, што албанските партии го истакнаа во предизборниот период.

„Наша голема среќа е што сме дел од НАТО, имаме одбранбена соработка со САД, но секако Русија ќе се обиде да влијае на Северна Македонија, а руското влијание во Северна Македонија доаѓа преку Србија. Србија е главниот руски амбасадор на Балканот. Често велам дека влијанието на Србија расте со „Отворениот Балкан“, треба да бидеме порестриктивни и повнимателни за да не помине руското влијание низ Србија“, посочи Таравари.

Слични содржини